batman-meme-protein
Да живееш во неразвиена земја, а да сакаш да сториш нешто за сопствениот развој е многу, многу тешко. Особено ако тој развој зазема облик на поинаков начин на исхрана, односно веганство. Најголемата тешкотијата не ја наоѓам во недостатокот на избор на оброци во рестораните и продукти во продавниците, тоа понекогаш го сметам како предизвик што ме поттикнува да експериментирам со состојки користејќи ги рецептите на http://www.onegreenplanet.org/
 http://www.surovoivkusno.com/ и многу други извори.

a367649a0d9e4d01986e663a882fdc96--go-vegan-vegan-life

Тешкиот дел се разговорите со луѓето (иницирани од мене 0% од времето) кои или се сосема малку информирани за овој начин на живот и кои се причините за тоа, или веќе имаат цврсто формиран неоснован непријателски став и не поставуваат прашања, туку се расправаат со имагинарен непријател кој со прст посочува кон нивната чинија, додека реално, јас и многу други што го правиме овој избор воопшто немаме желба и намера да ја отвараме таа тема и сосема цивилизирано го тераме своето без да се замараме за вашиот оброк.
giphy (4)
Секако дека има вегани на кои им се дискутира и тоа е во ред, но препознајте го нивниот ентузијазам па потоа одиграјте партија вербален веган тенис. Треба да сте свесни дека постојат две многу силни емоции кај секое живо битие а тоа се: умор и здодевност. Некои од вашите прашања и коментари ги слушам по илјадити пат (а вие секогаш изгледате како да ја откривате Америка додека ги кажувате) а мене ми се случува ова: eye-roll-meme-3-roll-meme.jpg

После скоро 4 години веганство, навистина ми е смачено да објаснувам работи кои можете да ги најдете во многу книги, и онјан и офлајн, може да се посоветувате со луѓе кои тоа им е професија како нутриционисти и лекари (и конвенционални и алтернативни) и најважно од се’, ако навистина сте заинтересирани, и 3 години да правиме муабет нема да ви стане јасно – експериментирањето на себе е најголемиот учител. Бидејќи за кавга се потребни двајца, жал ми е да ве засрамувам со моето игнорирање, напуштање на просторија, одлетување со мислите, пренасочување кон други луѓе за разговор или кратки дрски тактики за прекин на непотребната и несакана вербална пресметка.

ce053fca0667034deef581c1ba4d8626

Доколку вие сте убедени во вашиот избор, нема да чувствувате потреба да се препирате (особено не со некој што воопшто не ве предизвикува и нема желба за дискусија, или самиот факт што постои ваквиот животен стил ве предизвикува?) Доколку нешто ве копка, тоа е повик на вашето „јас“ да прокопате низ опциите и информациите, барем јас тоа така го сфатив назад во 2014та кога почнав да истражувам и експериментирам без несовесно и непотребно да се препирам со луѓе кои водат различен животен стил од мене.

Ќе ми биде многу мило доколку разберете дека ниту една психички стабилна личност не ужива во мазохизам, што значи свесно го прави изборот кој најмногу и/му одговара. Всушност, за мене, ваквата исхрана претставува склоп на телесно, ментално и духовно поврзување на нештата и е мој интелектуално-интуитивен избор – она што телото, умот и мојот дух го одбира секој ден, за секој оброк, во целосна унија на битието, после подолг период на експериментирање со разни видови на исхрана, советување со стручни лица, решавање на здравствен проблем во самиот зачеток и многу, многу читање, секогаш со здрава доза на скептицизам. Не е нешто што го правам со тешкотија или под принуда. Ми се има случено да се навратам на одредени состојки во неколку прилики следејќи го повторно она што таа унија во тој момент ми го диктирала, но тоа секогаш завршувало со зацврстување на ставот дека продуктите од животинско потекло не резонираат со моето тело, ум и најбитно – дух. giphy.gif

Причините кои ги сметам за столбови на оваа унија се од здравствена, интелектуална и духовна природа – спој на желбата да се подигне нивото на мојата оптималната телесна благосостојба, да се елиминира излишното и прекумерно убивање на животните, да се постигне правилен баланс во врска со светскиот глад и да се зачува животната средина. За заинтересираните, многу повеќе за секој од овие аспекти:

http://www.imdb.com/title/tt1567233/
http://www.cowspiracy.com/
http://www.imdb.com/title/tt0358456
http://www.adaptt.org/
https://www.youtube.com/user/drmcdougallmd
http://www.yourdailyvegan.com/environment/
http://www.adaptt.org/

Да, најдобрите порции информации се на англиски, но јас не чувствувам должност да бидам ничиј личен преведувач, особено не во текот на работното време и на било каква седенка и слично, кога концентрацијата ми е насочена кон сосема други нешта и немам желба за препирање или оној cringe момент кога некој доживува екстаза додека кажува некоја шега, а јас ја слушам по 1650 пат и ниту еднаш не ми звучело смешно. Знаете зошто? Бидејќи е здодевно, непотребно, некултурно, нападно и мене ми е само знак за незрела личност која патем се лути доколку јас не се потрудам (чисто од култура – oh the irony) да се насмевнам лажно за да не пропадне шегата.

Мило ми е ако вас ве расположуваат тие шеги, причината за недостаток на хумор во нив за мене е здодевноста и нивната базираност на 0 лично искуство, па затоа немојте да се чудите кога нема да ми бидете прв избор за соговорник во иднина или ќе добиете некое од 5те кратки реченици кои во превод значат „не ми се троши време за разговор со тебе“ а тоа се: мхм, важи, ОК, како ќе кажеш, кул. Ако ја слушам прв пат и е креативна, можеби и би се смеела, но со оглед на тоа што ги знам и оние шеги кои допрва ќе стигнат до ова тло, поштедете ме од емоцијава:
giphy
Замислете си дека сте го смениле шампонот поради иритација на кожата и ги знаете состојките на поранешниот и на сегашниот шампон напамет. Е сега замислете 4 години да ги повторувате причината за промената и состојките на шампоните во многу неизбежни социјални интеракции…

Знам дека некои од вас поставуваат прашања сосема коректно и поведени од искрена љубопитност дури и желба да пробаат да се хранат исклучиво со овошје, зеленчук, мешункасти и јаткасти плодови, но доколку не сме во ситуација да правиме муабет еден на еден, поради невкусните коментари и излитени прашања на мнозинството, воздржете се, бидејќи во спротивно наместо разговор, интеракцијата наликува на:
Neo_stops_bullets_2.jpg

За вистински заинтересираните би одволила време за разговор или би им пишала долг и исцрпен е-меил и би ги упатила кај професионалци кои веќе имаат придонесено со многу информативен материјал базиран на истражувања, експерименти, статистика и пред се, примена на овој начин на исхрана врз самите себе. Имам забележано дека во Скопје е доста полесно да се одржи желбата за дискусии, а тоа се должи на поголемата информираност, поголемиот број на ресторани и продавници кои нудат опции за вегани и поголемиот број на луѓе кои го имаат направено овој избор.

Дури и да правам грешка со мојот избор, правилно е до тој заклучок да стигнам сама, преку интроспекција и будно следење на знаците кои ми ги дава моето тело giphy (1).gif
 а не преку вашата телепатска способност за физикален преглед и секундарни laser eye дијагностички методи.

giphy (2).gif

Секое добро и ако не можете да се воздржите од она што за мене е здодевно, некултурно и излишно, ви благодарам што ми помагате во процесот на елиминација на луѓе со кои не сакам честа комуникација. More time for people that make me feel sublime. 🙂 giphy (3).gif